Се разбудувате уморни после 7-8 часа спиење? Се чувствувате како да не можете да земете воздух и се разбудувате за време на спиење? Ви укажуваат дека хрчите гласно? Дали сте слушнале за Sleep Apnea?
Sleep Apnea е потенцијално сериозно нарушување од кое страда секој втор човек во светот. Се манифестира со престанок на дишењето за време на сон, односно има периоди кога пациентот дише и периоди кога не дише. Таа пауза може да трае повеќе од 10 секунди и да се повторува повеќе од 5 пати во тек на 1 час сон.
Најчести знаци дека имате Sleep Apnea се:
ПЗУ Зегин Медика ви нуди дијагностицирање на Sleep Apnea со најсовремени методи и домашна полиграфија. Тимот на Зегин Медика во континуитет ја следи состојбата на пациентот.
Доколку Sleep Apnea-та не се дијагностицира и не се третира навремено доведува до:
- Срцеви заболувања
- Инфаркт
- Висок крвен притисок
- Мозочен удар
- Дијабет
- Атеросклероза
- Гастроезофагеална рефлуксна болест
- Депресија
- Намалено либидо
Кога да помислете дека имате Sleep Apnea:
- Гласно хрчење навечер
- Се разбудувате ненаспани
- Намалена концентрација при извршување на секојдневните работи – пр. возење автомобил
- Зголемена потреба од дневно спиење
- Главоболки, утрински и во текот на денот
- Општа иритабилност
- Нарушено емотивно функционирање
Sleep Apnea е состојба која останува цел живот и со примена на соодветна терапија и промени во начинот на живот, на пациентот му се овозможува да живее поквалитетно.
Многу луѓе кои се одлучиле за ран третман на Sleep Apnea, изјавуваат дека живеат помалку стресен, поенергичен и поисполнет живот.
Придобивки од третманот на Sleep Apnea:
- Го намалува потенцијалниот ризик за срцев удар, мозочен удар и срцеви заболувања
- Се намалуваат симптомите на мноу срцеви заболувања
- Го намалува крвниот притисок и компликациите од Дијабет
- Ја превенира или одложува прогресијата на Дијабет тип 2
- Ја намалува дневната поспаност и ја зголемува енергијата