Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Со упат од ваш матичен доктор можете се да направите на едно место

Одделот за биохемиска лабораторија дава квалитативна и квантитативна анализа на биолошки флуиди како крв, плазма или серум и урина за одредени хемиски супстанции или физиолошки процеси. Лекарите ги користат овие резултати за скрининг, дијагностицирање или следење на болестите.

Опремена со најсовремена апаратура која овозможува висока точност на резултатите во строго контролирани услови , со мали количини на биофлуиди (крв , плазма) за многу кратко време.. Нашата биохемиска лабораторија ви нуди и можност за електронски достапни биохемиски резултати.

Лабораториските активности се протегеет меѓу неколку сегменти:

  • Рутински биохемиски анализи- крвни анализи и тестови кои вклучуваат бубрежна функција, црн дроб, срце, специфични протеини, железо индекси, гликемија, липиден статус, електролитен статус
  • Хормони и тумор маркери
  • Алерго тестови
  • Хемостаза
  • Инфективни заболувања
  • Рутинско тестирање на урина
Работно време
Понеделник - Петок
07:00 - 17:00
Закажете термин