Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Д-р Башуровска Маринческа Наташа

Д-р Специјалист по Интерна Mедицина

Д-р Башуровска Маринческа Наташа е Специјалист по Интерна Медицина во „ПЗУ Поликлиника Зегин Медика“. Во стручниот кадар на поликлиниката е од 2017 година.

Низ дотогашното работно искуство, од 2007 до 2013 година е доктор по општа медицина, матичен лекар и управител на „ПЗУ МЕНМАК Медика“ во Струга.

Од 2011 до 2015 е лекар - специјализант на интерна медицина во Клинички Центар „Мајка Тереза" – Скопје. Таму има работено во одделение и во амбуланта. Истовремено, од 2014 до 2015 е доктор по општа медицина во склоп на интерната медицина во „ПЗУ А Е Медика“ од Скопје.

Пред вработувањето во Зегин Медика, како специјалист по интерна медицина, за истата дејност од 2016 до 2017 е дел од  центарот за дијализа на „ПЗУ Систина Нефропулс“ во Велес.

Високото образование го има поминато од 2000 до 2006 година на факултетот по медицина при Универзитетот во Плевен, Бугарија. Таму има дипломирано за доктор по општа медицина. Специјализација по интерна медицина има завршено во периодот од 2011 до 2015 година на медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Д-р Башуровска Маринческа Наташа има остварено активно учество на сите акредитирани предавања и семинари на Лекарска Комора на Македонија.