Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Д-р Лидија Вуковиќ

Доктор по Општа Медицина

Д-р Вуковиќ Лидија е доктор по Општа Медицина во „ПЗУ Поликлиника Зегин Медика“. Во стручниот кадар на поликлиниката е уште од 2004 година.

Нејзиното работно искуство во областа на медицината, брои повеќе од 25 години. Од 1991 до 1992 работи како доктор по општа пракса во ПЗО “Макро медика”, Скопје. Од 1992 до 2001 е доктор по општа медицина во Здравствен дом Качаник, Република Косово. Од 2001 до 2003 е доктор во Јапонска хуманитарна организација Association for Aid and Relief, Japan (AAR-JAPAN), Скопје.

За време на својата кариера има работено во јавни и приватни здравствени установи, како и искуство од работење во хуманитарни организации.

Д-р Вуковиќ Лидија во 1990 година има дипломирано на Медицинскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. Во 2000 година, ги завршува специјалистичките студии по дерматовенерологија на Медицинскиот факултет во Приштина, Косово.

Покрај мајчиниот јазик Д-р Вуковиќ зборува активно англиски и српски јазик, и има познавање од албански и грчки јазик.