Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Пробиотици, пребиотици и постбиотици. Како микробиомот влијае на нашето расположение?

„Ние, во суштина, сме екосистеми што се движат. Нашето здравје е тесно поврзано со трилиони бактерии, вируси и габи кои ја сочинуваат оваа заедница“,  Шон Спенсер, д-р, гастроентеролог и лекар-научник од Универзитетот Стенфорд.„Ние, во суштина, сме екосистеми што се движат. Нашето здравје е тесно поврзано со трилиони бактерии, вируси и габи кои ја сочинуваат оваа заедница“,  Шон Спенсер, д-р, гастроентеролог и лекар-научник од Универзитетот Стенфорд.

Пребиотиците се хранливи материи кои го поттикнуваат растот и пролиферацијата на корисни бактерии во цревата. Главните пребиотици кои влијаат позитивно на  нашиот микробиом се познати како достапни јаглехидрати за микробиоти (MACs), вообичаено наречени диететски влакна. Овие сложени јаглехидрати, кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, мешунките и другата растителна храна, се спротивставуваат на процесите на деградација и апсорпција во нашето тело. Овој дигестивен отпор им овозможува да стигнат до дебелото црево сè уште недопрени, и така ќе обезбедат храна за нашите цревни бактерии.

Храна сиромашна со диететски влакна како што е храна богата со шеќер, масти и протеини, ќе доведи до разградување на овие макронутриенти и тие  ќе влезат во крвотокот пред да стигнат до дебелото црево. Како резултат на ова нашата микробна заедница пронајдена во дебелото црево ќе изгладне.

Постбиотиците се нуспроизвод на активноста на пробиотиците и пребиотиците. Тие се отпадни производи што настануваат по распаѓањето на влакната од бактериите во нашиот  микробиом. Овие нуспроизводи можат да бидат и корисни и штетни за нашето здравје. Разградувањето на влакната дава голем број  на корисни постбиотици. Меѓу нив се основните елементи како што се витамини, ензими, амино киселини и масни киселини со краток синџир (SCFAs). Еден од најпознатите SCFA е бутират, молекула со супермоќ. Бутиратот е поврзан со намален ризик од хронични болести, покажува силно антиинфламаторно (противвоспалително) својство, го поддржува здравјето на мозокот и има корисни метаболички ефекти. Спротивно на тоа, распаѓањето на месото во процесот на варење дава молекуларни нуспроизводи како холин и Л-карнитин. Овие соединенија во микробиомот, дополнително се разложуваат во триметиламин (TMA), кој последователно се апсорбира во циркулаторниот систем и се оксидира во црниот дроб за да формира триметиламин N-оксид (TMAO).

Зголемените нивоа на TMAO се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања кои се поврзани со згрутчување на крвта. Една студија спроведена на Стенфорд посочува дека воздржувањето од консумирање месо осум недели потенцијално може да ги потисне „лошите“ бактерии поврзани со производството на TMA, но сепак потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа хипотеза.

Пробиотиците се храна или додатоци кои содржат живи микроорганизми наменети за одржување или подобрување на „добрите“ бактерии (нормална микрофлора) во телото.

Човечката цревна микробиота се однесува на трилиони микроби, како што се бактериите, кои живеат во човечкото црево.

Микробиомот е средината во која живеат. Повеќето микроби во телото се корисни, но тие можат да станат штетни кога не се во рамнотежа. Луѓето често ги користат двата термина микробиота и микробиом наизменично. Сепак, ова е неточно. Микробиотата се состои од широк спектар на бактерии, вируси, габи и други микроорганизми присутни во единствена средина, како што е човечкиот дигестивен тракт.

Микробиомот се однесува на целото живеалиште во телото.

Секој човек има меѓу 10 трилиони и 100 трилиони микробни клетки кои се во симбиотска врска. Некои истражувања проценуваат дека има околу 10 пати повеќе микробни клетки во телото отколку човечки клетки, додека други научници тврдат дека соодносот е поблиску до 1:1.

Оваа симбиотска врска им користи и на микробите и на нивните домаќини се додека телото е во здрава состојба.

Може да има над 1.000 различни видови на микроорганизми кои ја сочинуваат човечката микробиота. Составот на човечкиот биом може многу да варира помеѓу луѓето. Различни делови од телото се домаќини на различни микробиолошки заедници како што се усната празнина, гениталните органи, кожата, гастроинтестиналниот систем и респираторниот тракт. Составот на цревната микробиота е индивидуален и  специфичен и е под големо влијание на генетиката, растот и развојот и локацијата.

Цревната микробиота помага во низа телесни функции:

  • варењето на храната и апсорпцијата на хранливи материи
  • заштита од патогени микроорганизми,
  • регулирање на функцијата на имунолошкиот систем
  • зајакнување на биохемиските бариери на дебелото и тенкото црево
  •  обезбедување на силна бариера против токсините на „лошите“ бактерии и  ограничување на воспалението

Промените во составот на микробиотите можат да влијаат на сите овие функции.

Иако има корисни бактерии во цревата, постојат и штетни бактерии кои можат да навлезат во гастроинтестиналниот тракт и да предизвикаат инфекција како што е труење со храна и други гастроинтестинални заболувања кои резултираат со дијареа и повраќање.

Нарушувањето на микробиотата со антибиотици, исто така, може да доведе до болести, вклучително и инфекции кои стануваат отпорни на антибиотици.

Истражувањата укажуваат дека постои тесна поврзаност помеѓу составот на бактериската популација и :

  • астма
  • аутизмот и аутистичниот спектар на нарушувања
  • рак
  • целијачна болест
  • дијабетес
  • егзема
  • срцева болест
  • неухранетост
  • мултиплекс склероза
  • дебелина
  • анксиозност и депресија

Кога станува збор за промените во расположението и менталната состојба, мозокот е често пати првиот осомничен.

Бројот на лица кои доживуваат ментални нарушувања (на пример, анксиозност и депресија) значително се зголемува во последниве години. Затоа, од суштинско значење е да се бараат стратегии за превенција и третман за ментални нарушувања

Врз основа на извештаите на СЗО, има приближно 350 милиони луѓе погодени од депресија. Голем број на  истражувања покажуваат дека здравата цревна микрофлора ги пренесува мозочните сигнали и учествува во контролата на однесувањето во стабилни или стресни услови. Повеќе од 20% од пациентите со воспалителна болест на дебелото црево (IBD) имаат нарушувања на спиењето и депресивно однесување.

Докажано е дека неколку цревни микробиоти, особено Firmicutes и Bacteroidetes, влијаат на менталното здравје преку оската микробиота-црево-мозок, а дисбиозата на цревната микробиота може да биде поврзана со ментални нарушувања, како што се анксиозност, депресија и други ментални нарушувања. (Дисбиоза: нарушување на составот и/или разновидноста на микробиотата)

Од друга страна, диететските компоненти, вклучувајќи ги пробиотиците (на пример, Lactobacillus и Bifidobacterium), пребиотиците (на пр., диеталните влакна и алфа-лакталбуминот), синбиотиците, постбиотиците (на пр., масни киселини со краток синџир), млечните производи, зачини (на пр. Zanthoxylum bungeanum, куркумин и капсаицин), овошје, зеленчук, лековити билки итн, би можеле да имаат заштитни ефекти против менталните нарушувања преку зајакнување на корисните цревни микробиоти додека ги потиснуваат штетните.

Цревата и мозокот се во постојана комуникација преку оската црево-мозок, која ги вклучува нервниот систем, ендокриниот систем, метаболичкиот систем и имунолошкиот систем.

  • Цревните микроби произведуваат невротрансмитери, хормони и метаболити кои можат да влијаат на нашите емоции, мисловни процеси и однесувања.
  • Јадењето храна богата со пробиотици (како ферментирана храна) и пребиотици (како храна богата со влакна) може да го подобри цревниот микробиом и менталното здравје.
  • Консумацијата на преработена храна негативно го менува цревниот микробиом, што доведува до негативни ефекти врз менталното здравје преку врската црево-мозок.
  • Покрај диетата, и медитацијата и когнитивно-бихејвиоралната терапија позитивно влијае на оската црево-мозок  подобрувајќи го составот на цревната микробиота,

Нашиот „втор мозок“, претсавува огромна нервна мрежа вградена во цревната обвивка која се протега од хранопроводникот до ректумот, содржи многу исти структурни елементи како и мозокот  и се состои од неверојатни 200 до 600 милиони неврони.

Научниците идентификувале три клучни патишта кои ја сочинуваат врската црево-мозок:

  • Патека на вагусниот нерв: Вагусниот нерв, еден од најдолгите нерви во телото, и формира директната врска помеѓу мозокот и цревата.

Започнува од мозочното стебло и се протега до стомакот, поврзувајќи се со различни органи низ својот пат. Овој нерв делува како двонасочен канал, овозможувајќи брза размена на сигнали од мозокот до цревата и обратно. Освен вагусниот нерв, комуникацијата помеѓу мозокот и цревата вклучува и ендокрини (хормонални сигнали), метаболички и имунолошки патишта. Оваа континуирана комуникација им овозможува на мозокот и цревата да бидат синхронизирани.

Сè повеќе докази покажуваат дека бактериите во цревата и нуспроизводите што ги произведуваат, влијаат на расположението, когницијата и однесувањето.

Серотонин, допамин и други невротрансмитери  се клучни во комуникацијата помеѓу нашиот мозок и цревата. Интересно е што микробиомот не само што реагира на невротрансмитерите од мозокот, туку и ги произведува истите невротрансмитери кои ги регулираат мислите и емоциите, како што се серотонин, допамин, норепинефрин и ГАБА.

Серотонин е невротрансмитер кој помага во регулирањето на спиењето и апетитот, го посредува расположението и ја инхибира болката.

Околу 95% од серотонинот се произведува во гастроинтестинален тракт, кој е обложен со сто милиони нервни клетки или неврони, па така  дигестивен систем не само што помага во варењето на храната туку е и водич на  емоциите. Функцијата на овие неврони , производството на невротрансмитери како серотонин – е под големо влијание на милијардите „добри“ бактерии кои го сочинуваат цревениот микробиом.

  • Невроендокрина патека:  микробиомот може  да влијае на производството на супстанции како што е триптофан, тоа е аминокиселина која е потребена за производство на серотонин.

Цревниот микробиом игра клучна улога во регулирањето на секрецијата на хормоните од цревните клетки, особено влијаејќи на хормоните како лептин, грелин и инсулин. Овие хормони се од суштинско значење во комуникацијата со мозокот и го регулираат чувството на глад и ситост но исто така се поврзани со влијанието на учењето, меморијата и емоциите.

  • Имунорегулаторен пат: специфични цревни микроби може да влијаат на функционирањето на клетките на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги и оние мозокот. Комуникацијата помеѓу нашите црева и мозокот е заштитена со две критични бариери: цревната мукозна бариера и крвно-мозочната бариера. Овие бариери се чувари и управуваат со протокот на информации и ја одржуваат  рамнотежата во оваа деликатна мрежа. Неурамнотежениот имунолошки одговор во цревата може да ја зголеми пропустливоста на цревната обвивка – состојба која вообичаено се нарекува „пропустливо црево“. Оваа зголемена пропустливост им овозможува на супстанциите кои треба да останат во границите на дигестивниот тракт да влезат во крвотокот, па дури и да преминат во мозокот, потенцијално предизвикувајќи воспаление и придонесувајќи за појава на различни симптоми и состојби поврзани со расположението со текот на времето .

Правилната исхрана е најдобриот и најпристапниот начин за луѓето да промовираат поздрав микробиом“.

Исхраната игра клучна улога во обликувањето на составот и функционалноста на нашата цревна микробиота. Конзумирањето здрава храна поттикнува средина каде што „добрите“ микроби напредуваат, произведувајќи нуспроизводи кои имаат корист за нашето ментално здравје.

Студиите ги споредиле „традиционалните“ диети, како медитеранската исхрана и традиционалната јапонска диета, со типична „западна“ диета и покажале дека ризикот од депресија е за 25% до 35% помал кај оние кои јадат традиционална исхрана.

Научниците ја објаснуваат оваа разлика бидејќи овие традиционални диети имаат тенденција да содржат многу зеленчук, овошје, непреработени житарки и риба и морски плодови, а содржат само скромни количини на посно месо и млечни производи. Исто така, немаат преработена и рафинирана храна и шеќери, кои се основни на „западниот“ модел на исхрана. Покрај тоа, многу од овие необработени намирници се ферментирани и затоа делуваат како природни пробиотици.

„Психобиотска диета“ е поврзана со намален стрес и се фокусира на храна богата со пребиотици и пробиотици и го ограничува воспалителните продукти како што се слатки, брза храна и засладени пијалоци. Придржување кон оваа диета води до значително намалување на стресот. Пребиотската храна во оваа диета вклучува овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки, сите богати со растворливи влакна вклучувајќи аспарагус, кромид, праз, лук, банани, артишок, корен од цикорија, мешунки како наут и леќа, јачмен, овес, ‘рж.

Масните киселини со краток синџир (SCFAs), се примарни метаболити добиени од микробиското разградување на диеталните влакна.Тие помагаат во зајакнување на крвно-мозочната бариера – критична одбрана што го штити мозокот од потенцијално штетни материи додека во исто време обезбедуваат непречен транзит на виталните хранливи материи – и покажуваат моќни антиинфламаторни својства намалувајќи ја невроинфламацијата. Исто така имаат витална улога во поддршката на когнитивното здравје.

 Пробиотската храна се состои од ферментирани производи како кефир и јогурт. Ферментираната храна содржи биоактивни материи (полифеноли, диетални влакна како пример) и здрави бактерии (пробиотици), и како метаболити создадени од овие бактерии (пост-биотици). Овие компоненти ја промовираат активноста на микробиомот стимулирајќи  ја оскатата црево-мозок или преку директно влијание за цревните бактерии,

Ферментираната храна не е безбедна кај оние со нетолеранција на хистамин или одредени дигестивни нарушувања.

Исхраната може да игра потпорна улога во управувањето со благи до умерени форми на депресија и анксиозност, надополнувајќи ги традиционалните методи на лекување и придонесувајќи за севкупната отпорност на менталното здравје.

Пробиотиците, по дефиниција, се живи микроорганизми кои, кога се земаат во соодветни количини, можат да донесат здравствени придобивки. За да се покаже дека нешто дава здравствена корист, потребни се клинички испитувања за да се покаже најпрвин дека е поефикасно од плацебо и второ , дека микробите се живи и дека можат да ја преживеат стомачната киселина.(ова го има прувенот)