Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Дехидратација

Помеѓу 55% и 78% од телото е составено од вода. Дехидрацијата се случува кога нашето телото нема  течности колку што му треба.

 Тоа е кога се губи повеќе вода отколку што зема. Можете да дехидрираме од многу различни причини. Пример: премногу потење, повраќање или дијареја, земање на лекови кои ја зголемуваат диурезата (кои помагаат да мокрите повеќе),  хронична болест како што е дијабетес тип 1 или тип 2. Голема надморска височина од 8.000 метри или повеќе може да предизвика дехидратација, затоа што областите со голема надморска височина имаат тенденција да имаат посув воздух со пониска содржина на кислород, па ова доведува дишењето да биде подлабоко и побрзо, предизвикувајќи губење на повеќе вода од вообичаено. Луѓето кои се активни надвор на топло време, пример работници кои работат во градежништво или геодезија, паркови… понекогаш не можат ефикасно да се оладат бидејќи нивната пот не испарува. Ова може да доведе до повисока телесна температура и потреба за повеќе течности.

Сите овие работи може да предизвикаат губење на вода и електролити (есенцијални минерали во крвта и телесните течности). Секој дисбаланс го отежнува нормалното функционирање на нашиот организам па настануваат проблеми  во одржување на стабилна телесна температура како и отстранување на непотребните материи.  Водата се губи преку потта, солзите и секој пат кога одиме во тоалет. Дури и дишењето одзема малку вода. Обично водата ја надоместуваме. Но топлото време, вежбањето и различните болести може да ја нарушат оваа рамнотежа.

 Благата дехидрација   предизвикува главоболка и умор, делува на менталениот фокус, расположение и меморија .

Дехидрацијата може да биде од  блага до умерена или тешка дехидрација.

Кај возрасните, сериозноста на дехидрацијата зависи од тоа колку течности му недостасува на  телото.

Кај децата, дехидрацијата се базира на тоа колку телесна тежина  изгубиле поради недостаток на течности.

Симптомите на блага до умерена дехидрација кај возрасни и постари деца вклучуваат:

  • Жед: Чувството на жед обично е еден од првите сигнали дека на телото му е потребна течност.
  • Главоболка: Дехидрацијата може да доведе до главоболки, иако точните механизми се нејасни.
  • Сува уста: Се произведува помалку плунка кога сме дехидрирани, така што устата и јазикот може да се чувствуваат суви.
  • Поретко мокрење: Мокрењето е еден од начините на кој течноста го напушта телото. Кога сме дехидрирани, има помалку течности. Покрај тоа, дехидрацијата може да предизвика бубрезите да задржуваат повеќе течности, што исто така доведува до помалку мокрење.
  • Темно обоена урина: Кога сме соодветно хидрирани, урината има повеќе вода и има посветла боја. Кога сме дехидрирани, урината е поконцентрирана и станува потемна.
  • Вртоглавица: Дехидрацијата го намалува волуменот на крвта, намалувајќи го крвниот притисок. Ова го намалува протокот на крв во мозокот и може да доведе до вртоглавица.
  • Замор : Кога сме дехидрирани, ткивата имаат помалку течности кои им се потребни за функционирање, тоа прдизвикува чувство на  умор или замор.

Децата имаат блага дехидрација кога губат 3%-5% од нивната телесна тежина поради губење на течности. Блага дехидрација може да се третира дома со пиење вода, електролитски пијалоци или раствори за орална рехидрација кои може да се купат во аптека.

Симптомите на блага до умерена дехидрација кај доенчињата и малите деца вклучуваат:

  • поретко мокрење (помалку од шест влажни пелени дневно кај доенчињата)
  • малку или воопшто нема солзи кога плачат
  • сува уста
  • вдлабната мека фонтанела на врвот на главата
  • играаат помалку од вообичаеното

Симптомите на тешка дехидрација

Доколку не се лекува, дехидрацијата може да предизвика сериозни компликации, вклучувајќи болести поврзани со нерегулирана температура, проблеми со бубрезите и тонично клонични напади. Во екстремни случаи, дехидрацијата може да биде фатална.

Симптомите на тешка дехидрација кај постари деца и возрасни вклучуваат:

  • недостаток на мокрење
  • забрзано чукање на срцето
  • брзо дишење
  • конфузија
  • онесвестување.

Симптомите на тешка дехидрација кај доенчињата и малите деца вклучуваат:

  • претерана немирност или поспаност
  • уринирање само еднаш или двапати дневно
  • збрчкана кожа
  • вдлабнати очи.

Што предизвикува дехидрација?

Можете да дехидрирате ако не пиете доволно течности , губите премногу течности, или и двете. Најчести причини за дехидратација се потење, дијареја и повраќање, недоволен внес на вода…

  • Недоволен внес на вода. Може да пиете помалку вода отколку што ви е потребно доколку сте  зафатени и заборавате да пиете доволно вода и не сфаќате дека сте жедени, не ви се пие бидејќи сте болни имате болки во грлото или устата, ви се гади или имате болки во стомакот,  имате ограничен пристап до течности , не пиете доволно течности кога поминувате подолго време надвот на високи температури или пак  вежбате повеќе од вообичаено..

Националната академија за наука, инженерство и медицина (The National Academies of Science, Engineering and Medicine ) препорачува  дневно внесување на течности:

  • 3.7 литри за мажи.
  • 2,7 литри за жени.

Овие препораки се однесуваат за нормален човек со просечна телесна тежина во нормална ситуација.”

Колку вода треба да пиете е различно за различна ситуација, во зависност од количината на енергија која се користи, дали и  колку вежбате, колку се потите и колку овошје и зеленчук јадете итн

“Општо правило е пиење на вода кога сте жедни”,  “Ако си жеден, пиј.”

Луѓето кои се постари, малите деца или оние кои имаат намален механизам на жед треба да се охрабруваат да пијат течности.

Ако се разбудите и пиете литар вода секое утро, може да направите повеќе штета отколку корист, Преоптоварувањето на системот со вода само ќе предизвика вашето тело да го елиминира вишокот преку урината земајќи ги со себе и електролитите, а електролитите  помагаат да се регулира колку вода останува во клетките и во вашето тело. Не пиете големи количини на вода одеднаш!

Кога пиете повеќе вода  отколку што бубрезите  може да филтрираат – а тоа е многу многу вода – завршувате со состојба наречена хипонатриемија. Ова е кога нивото на натриум е многу ниско, предизвикувајќи клетките да се надуат односно да отечат, па може да завршите со оток на екстремитетите (периферен едем) и натрупување на течности во белите дробови (белодробен едем).  Најчесто се случува само на луѓе кои се натпреваруваат на долги маратони, но дури и тогаш, тоа е ретко.

Преоптоварувањето на организмот со вода само ќе предизвика вашето тело да го елиминира вишокот преку урината.

Затоа, треба да се стремите  да останете хидрирани во текот на денот.

  • Прекумерно потење: Кога се потите губите течности. Доколку сте подолго време надвор на високи температури или имате зголемена физичка активност на висока температура повеќе се потите. Тоа може да го зголеми ризикот од дехидрација.
  • Дијареа, повраќање. Тешка, акутна дијареа може да предизвика огромна загуба на вода и електролити за кратко време. Ако имате повраќање заедно со дијареата, губите уште повеќе течности и минерали за краок временски период.
  • Висока температура . Општо земено, колку е повисока вашата температура, толку е поголема  можноста да станете дехидрирани. Проблемот се влошува ако имате темпераура  заедно со дијареја и повраќање.
  • Зголемено мокрење. Ова може да се должи на недијагностициран или неконтролиран дијабетес. Одредени лекови, како што се диуретици и некои лекови за крвен притисок кои исто така  доведуваат до дехидрација, главно затоа што предизвикуваат повеќе уринирање (мокрење).
  • Алкохол: Алкохолните пијалоци не  хидрираат, затоа е важно да пиете многу вода кога конзумирате алкохол за да се избегне дехидрација.

Компликации

Дехидрацијата може да доведе до сериозни компликации, вклучувајќи:

  • Хипертермија. Ако не пиете доволно течности кога вежбате енергично и се потите, или работите на отворен простор на високи температури може да завршите со хипертертмија, која се движи во сериозност од  колапс,благи грчеви до топлинска исцрпеност или потенцијално опасен по живот топлински удар.
  • Уринарни и бубрежни проблеми. Продолжени или повторливи напади на дехидрација може да предизвикаат инфекции на уринарниот тракт, камења во бубрезите, па дури и откажување на бубрезите.
  • Грчеви. Електролитите, како што се калиум и натриум, помагаат да се пренесуваат електрични сигнали од клетка до клетка. Ако вашите електролити не се во рамнотежа, нормалните електрични сигнали може да се измешаат, што може да доведе до присилни мускулни контракции (грчеви), а понекогаш и до губење на свест.
  • Шок поради низок волумен на крвта (хиповолемичен шок). Ова е една од најсериозните, а понекогаш и опасни по живот компликации од дехидрацијата. Тоа се случува кога малиот волумен на крвта предизвикува пад на крвниот притисок и намалување на количината на кислород во телото.

Третман

Дехидрацијата се третира со замена на изгубената течност. Кај постари деца и возрасни, благата до умерена дехидрација може да се третира со зголемување на внесот на течности и електролити. При рехидрација се пијат  мали глотки, може да се проба со коцки мраз ,овошните сокови се разредуваат со вода за да не предизвикаат стомачни проблеми, се избегнуваат пијалоци кои можат да придонесат да  дехидрирате, како што се алкохолот или пијалоците со кофеин.

Ако не можете соодветно да ги замените течностите сами, ќе треба да посетите лекар.Иако благата до умерена дехидрација обично може да се третира дома, умерената до тешка дехидрација може да бара медицински третман. Затоа разговарајте со Вашиот лекар ако не сте сигурни за сериозноста на симптомите.

Доколку мислите дека вашето бебе или дете може да е дехидрирано, веднаш  јавете на својот педијатар. Во некои случаи, малите деца можат да се рехидрираат дома, но важно е да го известите лекарот и да ги следите неговите инструкции.

Превенција од дехидрација

Во многу случаи, дехидрацијата може да се спречи со конзумирање на доволно течности и храна со висока содржина на вода, како што е овошјето и зеленчукот. Колку што е можно, избегнувајте да бидете надвор подолги периоди на високи температури .

Да останете хидрирани кога сте болни може да биде тешко , особено кога имате повраќање и дијареа . Замената на изгубените течности со вода, течна храна електролити и спортски пијалоци може да помогне.

Затоа е добро секогаш да :

  • носете шише со вода, каде и да одите и да го наполнете ако е потребно
  • за ладни освежителни пијалоци, чувајте шишиња со вода во фрижидерот без да замрзнат  преку ноќ и  носете ги во текот на денот.
  • пијте вода пред секој оброк
  • додадете парче лимета или лимон во водата, и ќе ја направите попријатна за пиење.
  • пијте вода наместо шеќерни, алкохолни и кофеински пијалоци за да ја задоволите жедта.
  • ако заборавите да пиете доволно вода, поставувањето потсетници на телефонот за вода може да биде корисно.
  • пијте чаша вода пред оброците,со тоа, ќе ја зголемите количината на вода што ја пиете секој ден за три чаши. Понекогаш, вашето тело може да ја помеша жедта со гладта, па пиењето чаша вода пред секој оброк може да ви помогне да сфатите колку сте гладни
  • не заборавајте на електролитите. Ако тренирате на топло време, работите на отворено или се потите многу,  пиењето на  течности со електролити , сок од кисели краставички, спортски пијалоци или пилешка супа ќе помогне да останете хидрирани
  • ако сте жедни, пијте вода. Симптомите на благата дехидрација може да се подобрат за 5 до 10 минути. Слушајте го своето тело и пијте вода штом почувствувате жед.
  • Започнете предизвик за “пиење вода” сами или со вашите блиски за да  се мотивира да пиете доволно вода.

Дали треба да пиам 8 чаши вода дневно?

Ова старо правило нема научна основа. Но тоа е во ред да биде  како груб водич. Количината што треба да ја пиете зависи од тоа колку сте активни, каде живеете и вашето целокупно здравје. Затоа слушајте ја својата жед. Ако не сте сигурни дека пиете доволно, проверете ја бојата на урината. Јасна или бледо жолта боја значи дека сте добри, потемна или темна боја на урината  значи дека треба да пиете вода .

Што треба да запамтам?

Пет најчести симптоми на дехидрација

  • замор
  • сува кожа и усни
  • жед
  • темна урина

Како ќе знам дали сум дехидриран?

Можете да кажете дека сте дехидрирани ако се чувствувате:

  • жедни
  • уморни
  • помалку уринирате
  • пројавувате знаци како грчеви во мускулите
  • вртоглавица
  • главоболка или нестабилност

Кој е најбрзиот начин да се третира дехидрацијата?

Најбрзиот начин да се третира благата дехидрација е со вода за пиење, електролитски пијалоци или орални раствори за рехидратација веднаш штом ќе ги забележите знаци на дехидрација. Посетете лекар ако имате знаци на умерена до тешка дехидрација.

Спец. Д-р. Аница Димеска

Leave a Comment

(0 Comments)

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *