SpiroScout уредот заедно со LFX софтверот е компјутерски базиран систем за УЛТРАСОНИЧНО мерење и анализирање на протокот на воздух и неговиот волумен, како и анализирање на функциските параметри на белите дробови кај воздрасни и деца.
Апаратот се употребува и кај следните состојби
- присуство или отсуство на пулмонална дисфункција
- да се утврди ефектот од заболувања на белите дробови
- да се скенираат лицата изложени на ризик од заболувања на белите дробови
- да се процени ефектот односно одговорот на изложеност од животната средина или професионална изложеност
- да се процени загуба - оштетување или инвалидитет
- следење на ефектите од терапијата
- опис на прогресијата на болест кај белите дробови
Пред од почнување на тестирањето се проверува општата состојба на пациентот со цел да се осигура правилно и безбедно да се направи тестот.
Според IEC /EN60.950 IEC/EN 606001-1-1 стандардите поставени од Аmerican Тhoracic Society е на прво место бидејки поголема предност од другите апарати по тоа што е лесен за маниплација, има филтер влошка за дишење за еднократна употреба (бактериски филтер за еднократна употреба)
- Штипката за нос е исто така за една употреба и се употребува кај секој пациент поединечно.
- Пациентот тестот може да го направи и во седечка положба со исправено тело со спуштени рамена и релаксиран.
- Резултатите се веднаш готови по тестирањето и може да се види состојбата на пациентот, прикажана преку графикони и табеларно со бројки.
- Сите податоци се зачувани во комјутерскиот систем и имаме достапност на резултатите во секое време.
- Мрежно поврзување со Европски Медицински Пулмолошки Центри.