Услугите од одделот по Медицина на Труд обезбедуваат сеопфатна ефикасна програма за здравствено менаџирање за компании од било која големина (големи и мали).
Нашиот високо професионален тим ќе соработува со вас преку програмата и услугите на одделот по Медицина на Труд кои се дизајнирани да им помогнат на работодавачите и на вработените, во соогласност со специфичните индустриски и бизнис потреби, при остварување на законски одредените здравствени програми:
- Систематски и Периодични здравствени прегледи на вашите вработени (Овие прегледи вклучуваат клинички преглед од специјалистот по медицина на труд, лабораториски стандард, радиографија, психолошка обработка, ЕКГ, аудиометрија, спирометрија, ехо-дијагностика, консултации со останати доктори специјалисти.)
- Лекарски Уверенија за Вработување
- Лекарски Уверенија за во суд и за во странство
- Учество во Елаборат за Проценка на Ризик на Работно место
- Управување со ризик факторите
- Задржување на вашите вработени здрави , безбедни и продуктивни
Нашата клиника исто така располага со центар за едукација во склоп на одделот по Медицина на Труд – програма која има за цел да ги информира и запознава вашите вработени во врска со опасностите и штетностите и безбедноста на работното место и за круцијалното значење и прифаќање на заштитните средства при работа.Нашата ,, back- to work’’ филозофија ја оптимизира грижата за пациентот и неговата продуктивност.