Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Се разбудувате уморни после 7-8 часа спиење? Се чувствувате како да не можете да земете воздух и се разбудувате за време на спиење? Ви укажуваат дека хрчите гласно? Дали сте слушнале за Sleep Apnea?

Sleep Apnea е потенцијално сериозно нарушување од кое страда секој втор човек во светот. Се манифестира со престанок на дишењето за време на сон, односно има периоди кога пациентот дише и периоди кога не дише. Таа пауза може да трае повеќе од 10 секунди и да се повторува повеќе од 5 пати во тек на 1 час сон.

Најчести знаци дека имате Sleep Apnea се:

ПЗУ Зегин Медика ви нуди дијагностицирање на Sleep Apnea со најсовремени методи и домашна полиграфија. Тимот на Зегин Медика во континуитет ја следи состојбата на пациентот.

Доколку Sleep Apnea-та не се дијагностицира и не се третира навремено доведува до:
  • Срцеви заболувања
  • Инфаркт
  • Висок крвен притисок
  • Мозочен удар
  • Дијабет
  • Атеросклероза
  • Гастроезофагеална рефлуксна болест
  • Депресија
  • Намалено либидо

Кога да помислете дека имате Sleep Apnea:
  • Гласно хрчење навечер
  • Се разбудувате ненаспани
  • Намалена концентрација при извршување на секојдневните работи – пр. возење автомобил
  • Зголемена потреба од дневно спиење
  • Главоболки, утрински и во текот на денот
  • Општа иритабилност
  • Нарушено емотивно функционирање

Sleep Apnea е состојба која останува цел живот и со примена на соодветна терапија и промени во  начинот на живот, на пациентот му се овозможува да живее поквалитетно.

Многу луѓе кои се одлучиле за ран третман на Sleep Apnea, изјавуваат дека живеат помалку стресен, поенергичен и поисполнет живот.

Придобивки од третманот на Sleep Apnea:

  • Го намалува потенцијалниот ризик за срцев удар, мозочен удар и срцеви заболувања
  • Се намалуваат симптомите на мноу срцеви заболувања
  • Го намалува крвниот притисок и компликациите од Дијабет
  • Ја превенира или одложува прогресијата на Дијабет тип 2
  • Ја намалува дневната поспаност и ја зголемува енергијата
Достапност
Понеделник - Недела
24 часа