Д-р Десовска Геговска Евросима
Доктор Специјалист по Медицина на Труд
Д-р Десовска Геговска Евросима е Специјалист по Медицина на Труд во „ПЗУ Поликлиника Зегин Медика“. Во стручниот кадар на поликлиниката е од 2015 година. Низ дотогашното работно искуство, од 2005 до 2015 година е дел од ИМП - оддел за Итна Медицинска Помош на Здравствен Дом Прилеп.
Високото образование го има завршено од 1998 до 2004 година на Медицински Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје. На истиот универзитет од 2011 до 2015 година има завршено и специјалистички студии по Медицина на Труд.
Д-р Десовска Геговска Евросима има остварено активно учество и посветеност на многуброни едукации и истражувачки проекти. Таквите ангажмани на Д-р Евросима и донеле значајни сертификати:
- 2003 – Стручен престој и клиничка пракса и тренинг во областа на CRP во Клинички Болнички Центар во Сплит
- 2006 – КМЕ тренинг работилници и евалуации на вештините од областа на ургентна медицина
- 2012 – Успешно завршена едукација за Проценка на Ризик
- 2013 – Медицинска едукација во Icahn School at Mount Sinai School of Medicine in New York City
- 2017/2018 - Истражувач во клиничка имунолошка студија, Клиника за Пулмологија и Алергологија, Скопје
- 2017 - GCP Training, NIDA Clinical Trials Network
- 2018 – Certificate, Basic Training for Application of Imedis Expert, Австрија
Д-р Десовска Геговска Евросима покрај мајчиниот јазик, зборува англиски и српски.