Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Др. Сци. Мед, Маја Милованчевска Поповски

Специјалист, интернист - нефролог

Биографија

Др. Маја Милованчева – Поповска, Специјалсит, интернист - нефролог, специјализирала интерна медицина и субспецијализирала нефрологија на Универзитетската Клиника за нефрологија во Скопје каде работела дваесет години. Потоа кариерата ја продолжува во приватниот сектор.

Магистрира од областа на Нефроимунологијата и докторира од областа на Дијабетичната болест на бубрезите и еходијагностиката.

По долгогодишна работа со студентите како асистент, избрана е за Насловен доцент на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев” – Штип.

Редовно учествува на конгреси, симпозиуми и усовршувања, особено за ултразвук/еходијагностика. Дополнително се усовршувала во Клинички центар во Љубљана, во Универзитетските болници во Келн и Ахен во Германија, во Гронинген во Холандија, во Будимпешта во Унгарија...

Во амбулантската работа особено се фокусира на едукација на населението, превенција на болестите, дихајгностика и лекување.

Посебни сфери на интерес

Еходијагностика, холистички пристап, Дијабетична болест на бубрезите, артериска хипертензија, уринарни инфекции, нефролитијаза, машко здравје, имунологија