Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Пробиотици, пребиотици и постбиотици. Како микробиомот влијае на нашето расположение?

„Ние, во суштина, сме екосистеми што се движат. Нашето здравје е тесно поврзано со трилиони бактерии, вируси и габи кои ја сочинуваат оваа заедница“,  Шон Спенсер, д-р, гастроентеролог и лекар-научник од Универзитетот Стенфорд.„Ние, во суштина, сме екосистеми што се движат. Нашето здравје е тесно поврзано со трилиони бактерии, вируси и габи кои ја сочинуваат оваа заедница“,  Шон Спенсер, д-р, гастроентеролог и лекар-научник од Универзитетот Стенфорд.

Пребиотиците се хранливи материи кои го поттикнуваат растот и пролиферацијата на корисни бактерии во цревата. Главните пребиотици кои влијаат позитивно на  нашиот микробиом се познати како достапни јаглехидрати за микробиоти (MACs), вообичаено наречени диететски влакна. Овие сложени јаглехидрати, кои се наоѓаат во овошјето, зеленчукот, интегралните житарки, мешунките и другата растителна храна, се спротивставуваат на процесите на деградација и апсорпција во нашето тело. Овој дигестивен отпор им овозможува да стигнат до дебелото црево сè уште недопрени, и така ќе обезбедат храна за нашите цревни бактерии.

Храна сиромашна со диететски влакна како што е храна богата со шеќер, масти и протеини, ќе доведи до разградување на овие макронутриенти и тие  ќе влезат во крвотокот пред да стигнат до дебелото црево. Како резултат на ова нашата микробна заедница пронајдена во дебелото црево ќе изгладне.

Постбиотиците се нуспроизвод на активноста на пробиотиците и пребиотиците. Тие се отпадни производи што настануваат по распаѓањето на влакната од бактериите во нашиот  микробиом. Овие нуспроизводи можат да бидат и корисни и штетни за нашето здравје. Разградувањето на влакната дава голем број  на корисни постбиотици. Меѓу нив се основните елементи како што се витамини, ензими, амино киселини и масни киселини со краток синџир (SCFAs). Еден од најпознатите SCFA е бутират, молекула со супермоќ. Бутиратот е поврзан со намален ризик од хронични болести, покажува силно антиинфламаторно (противвоспалително) својство, го поддржува здравјето на мозокот и има корисни метаболички ефекти. Спротивно на тоа, распаѓањето на месото во процесот на варење дава молекуларни нуспроизводи како холин и Л-карнитин. Овие соединенија во микробиомот, дополнително се разложуваат во триметиламин (TMA), кој последователно се апсорбира во циркулаторниот систем и се оксидира во црниот дроб за да формира триметиламин N-оксид (TMAO).

Зголемените нивоа на TMAO се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања кои се поврзани со згрутчување на крвта. Една студија спроведена на Стенфорд посочува дека воздржувањето од консумирање месо осум недели потенцијално може да ги потисне „лошите“ бактерии поврзани со производството на TMA, но сепак потребни се дополнителни истражувања за да се потврди оваа хипотеза.

Пробиотиците се храна или додатоци кои содржат живи микроорганизми наменети за одржување или подобрување на „добрите“ бактерии (нормална микрофлора) во телото.

Човечката цревна микробиота се однесува на трилиони микроби, како што се бактериите, кои живеат во човечкото црево.

Микробиомот е средината во која живеат. Повеќето микроби во телото се корисни, но тие можат да станат штетни кога не се во рамнотежа. Луѓето често ги користат двата термина микробиота и микробиом наизменично. Сепак, ова е неточно. Микробиотата се состои од широк спектар на бактерии, вируси, габи и други микроорганизми присутни во единствена средина, како што е човечкиот дигестивен тракт.

Микробиомот се однесува на целото живеалиште во телото.

Секој човек има меѓу 10 трилиони и 100 трилиони микробни клетки кои се во симбиотска врска. Некои истражувања проценуваат дека има околу 10 пати повеќе микробни клетки во телото отколку човечки клетки, додека други научници тврдат дека соодносот е поблиску до 1:1.

Оваа симбиотска врска им користи и на микробите и на нивните домаќини се додека телото е во здрава состојба.

Може да има над 1.000 различни видови на микроорганизми кои ја сочинуваат човечката микробиота. Составот на човечкиот биом може многу да варира помеѓу луѓето. Различни делови од телото се домаќини на различни микробиолошки заедници како што се усната празнина, гениталните органи, кожата, гастроинтестиналниот систем и респираторниот тракт. Составот на цревната микробиота е индивидуален и  специфичен и е под големо влијание на генетиката, растот и развојот и локацијата.

Цревната микробиота помага во низа телесни функции:

  • варењето на храната и апсорпцијата на хранливи материи
  • заштита од патогени микроорганизми,
  • регулирање на функцијата на имунолошкиот систем
  • зајакнување на биохемиските бариери на дебелото и тенкото црево
  •  обезбедување на силна бариера против токсините на „лошите“ бактерии и  ограничување на воспалението

Промените во составот на микробиотите можат да влијаат на сите овие функции.

Иако има корисни бактерии во цревата, постојат и штетни бактерии кои можат да навлезат во гастроинтестиналниот тракт и да предизвикаат инфекција како што е труење со храна и други гастроинтестинални заболувања кои резултираат со дијареа и повраќање.

Нарушувањето на микробиотата со антибиотици, исто така, може да доведе до болести, вклучително и инфекции кои стануваат отпорни на антибиотици.

Истражувањата укажуваат дека постои тесна поврзаност помеѓу составот на бактериската популација и :

  • астма
  • аутизмот и аутистичниот спектар на нарушувања
  • рак
  • целијачна болест
  • дијабетес
  • егзема
  • срцева болест
  • неухранетост
  • мултиплекс склероза
  • дебелина
  • анксиозност и депресија

Кога станува збор за промените во расположението и менталната состојба, мозокот е често пати првиот осомничен.

Бројот на лица кои доживуваат ментални нарушувања (на пример, анксиозност и депресија) значително се зголемува во последниве години. Затоа, од суштинско значење е да се бараат стратегии за превенција и третман за ментални нарушувања

Врз основа на извештаите на СЗО, има приближно 350 милиони луѓе погодени од депресија. Голем број на  истражувања покажуваат дека здравата цревна микрофлора ги пренесува мозочните сигнали и учествува во контролата на однесувањето во стабилни или стресни услови. Повеќе од 20% од пациентите со воспалителна болест на дебелото црево (IBD) имаат нарушувања на спиењето и депресивно однесување.

Докажано е дека неколку цревни микробиоти, особено Firmicutes и Bacteroidetes, влијаат на менталното здравје преку оската микробиота-црево-мозок, а дисбиозата на цревната микробиота може да биде поврзана со ментални нарушувања, како што се анксиозност, депресија и други ментални нарушувања. (Дисбиоза: нарушување на составот и/или разновидноста на микробиотата)

Од друга страна, диететските компоненти, вклучувајќи ги пробиотиците (на пример, Lactobacillus и Bifidobacterium), пребиотиците (на пр., диеталните влакна и алфа-лакталбуминот), синбиотиците, постбиотиците (на пр., масни киселини со краток синџир), млечните производи, зачини (на пр. Zanthoxylum bungeanum, куркумин и капсаицин), овошје, зеленчук, лековити билки итн, би можеле да имаат заштитни ефекти против менталните нарушувања преку зајакнување на корисните цревни микробиоти додека ги потиснуваат штетните.

Цревата и мозокот се во постојана комуникација преку оската црево-мозок, која ги вклучува нервниот систем, ендокриниот систем, метаболичкиот систем и имунолошкиот систем.

  • Цревните микроби произведуваат невротрансмитери, хормони и метаболити кои можат да влијаат на нашите емоции, мисловни процеси и однесувања.
  • Јадењето храна богата со пробиотици (како ферментирана храна) и пребиотици (како храна богата со влакна) може да го подобри цревниот микробиом и менталното здравје.
  • Консумацијата на преработена храна негативно го менува цревниот микробиом, што доведува до негативни ефекти врз менталното здравје преку врската црево-мозок.
  • Покрај диетата, и медитацијата и когнитивно-бихејвиоралната терапија позитивно влијае на оската црево-мозок  подобрувајќи го составот на цревната микробиота,

Нашиот „втор мозок“, претсавува огромна нервна мрежа вградена во цревната обвивка која се протега од хранопроводникот до ректумот, содржи многу исти структурни елементи како и мозокот  и се состои од неверојатни 200 до 600 милиони неврони.

Научниците идентификувале три клучни патишта кои ја сочинуваат врската црево-мозок:

  • Патека на вагусниот нерв: Вагусниот нерв, еден од најдолгите нерви во телото, и формира директната врска помеѓу мозокот и цревата.

Започнува од мозочното стебло и се протега до стомакот, поврзувајќи се со различни органи низ својот пат. Овој нерв делува како двонасочен канал, овозможувајќи брза размена на сигнали од мозокот до цревата и обратно. Освен вагусниот нерв, комуникацијата помеѓу мозокот и цревата вклучува и ендокрини (хормонални сигнали), метаболички и имунолошки патишта. Оваа континуирана комуникација им овозможува на мозокот и цревата да бидат синхронизирани.

Сè повеќе докази покажуваат дека бактериите во цревата и нуспроизводите што ги произведуваат, влијаат на расположението, когницијата и однесувањето.

Серотонин, допамин и други невротрансмитери  се клучни во комуникацијата помеѓу нашиот мозок и цревата. Интересно е што микробиомот не само што реагира на невротрансмитерите од мозокот, туку и ги произведува истите невротрансмитери кои ги регулираат мислите и емоциите, како што се серотонин, допамин, норепинефрин и ГАБА.

Серотонин е невротрансмитер кој помага во регулирањето на спиењето и апетитот, го посредува расположението и ја инхибира болката.

Околу 95% од серотонинот се произведува во гастроинтестинален тракт, кој е обложен со сто милиони нервни клетки или неврони, па така  дигестивен систем не само што помага во варењето на храната туку е и водич на  емоциите. Функцијата на овие неврони , производството на невротрансмитери како серотонин – е под големо влијание на милијардите „добри“ бактерии кои го сочинуваат цревениот микробиом.

  • Невроендокрина патека:  микробиомот може  да влијае на производството на супстанции како што е триптофан, тоа е аминокиселина која е потребена за производство на серотонин.

Цревниот микробиом игра клучна улога во регулирањето на секрецијата на хормоните од цревните клетки, особено влијаејќи на хормоните како лептин, грелин и инсулин. Овие хормони се од суштинско значење во комуникацијата со мозокот и го регулираат чувството на глад и ситост но исто така се поврзани со влијанието на учењето, меморијата и емоциите.

  • Имунорегулаторен пат: специфични цревни микроби може да влијаат на функционирањето на клетките на имунолошкиот систем, вклучувајќи ги и оние мозокот. Комуникацијата помеѓу нашите црева и мозокот е заштитена со две критични бариери: цревната мукозна бариера и крвно-мозочната бариера. Овие бариери се чувари и управуваат со протокот на информации и ја одржуваат  рамнотежата во оваа деликатна мрежа. Неурамнотежениот имунолошки одговор во цревата може да ја зголеми пропустливоста на цревната обвивка – состојба која вообичаено се нарекува „пропустливо црево“. Оваа зголемена пропустливост им овозможува на супстанциите кои треба да останат во границите на дигестивниот тракт да влезат во крвотокот, па дури и да преминат во мозокот, потенцијално предизвикувајќи воспаление и придонесувајќи за појава на различни симптоми и состојби поврзани со расположението со текот на времето .

Правилната исхрана е најдобриот и најпристапниот начин за луѓето да промовираат поздрав микробиом“.

Исхраната игра клучна улога во обликувањето на составот и функционалноста на нашата цревна микробиота. Конзумирањето здрава храна поттикнува средина каде што „добрите“ микроби напредуваат, произведувајќи нуспроизводи кои имаат корист за нашето ментално здравје.

Студиите ги споредиле „традиционалните“ диети, како медитеранската исхрана и традиционалната јапонска диета, со типична „западна“ диета и покажале дека ризикот од депресија е за 25% до 35% помал кај оние кои јадат традиционална исхрана.

Научниците ја објаснуваат оваа разлика бидејќи овие традиционални диети имаат тенденција да содржат многу зеленчук, овошје, непреработени житарки и риба и морски плодови, а содржат само скромни количини на посно месо и млечни производи. Исто така, немаат преработена и рафинирана храна и шеќери, кои се основни на „западниот“ модел на исхрана. Покрај тоа, многу од овие необработени намирници се ферментирани и затоа делуваат како природни пробиотици.

„Психобиотска диета“ е поврзана со намален стрес и се фокусира на храна богата со пребиотици и пробиотици и го ограничува воспалителните продукти како што се слатки, брза храна и засладени пијалоци. Придржување кон оваа диета води до значително намалување на стресот. Пребиотската храна во оваа диета вклучува овошје, зеленчук, цели зрна и мешунки, сите богати со растворливи влакна вклучувајќи аспарагус, кромид, праз, лук, банани, артишок, корен од цикорија, мешунки како наут и леќа, јачмен, овес, ‘рж.

Масните киселини со краток синџир (SCFAs), се примарни метаболити добиени од микробиското разградување на диеталните влакна.Тие помагаат во зајакнување на крвно-мозочната бариера – критична одбрана што го штити мозокот од потенцијално штетни материи додека во исто време обезбедуваат непречен транзит на виталните хранливи материи – и покажуваат моќни антиинфламаторни својства намалувајќи ја невроинфламацијата. Исто така имаат витална улога во поддршката на когнитивното здравје.

 Пробиотската храна се состои од ферментирани производи како кефир и јогурт. Ферментираната храна содржи биоактивни материи (полифеноли, диетални влакна како пример) и здрави бактерии (пробиотици), и како метаболити создадени од овие бактерии (пост-биотици). Овие компоненти ја промовираат активноста на микробиомот стимулирајќи  ја оскатата црево-мозок или преку директно влијание за цревните бактерии,

Ферментираната храна не е безбедна кај оние со нетолеранција на хистамин или одредени дигестивни нарушувања.

Исхраната може да игра потпорна улога во управувањето со благи до умерени форми на депресија и анксиозност, надополнувајќи ги традиционалните методи на лекување и придонесувајќи за севкупната отпорност на менталното здравје.

Пробиотиците, по дефиниција, се живи микроорганизми кои, кога се земаат во соодветни количини, можат да донесат здравствени придобивки. За да се покаже дека нешто дава здравствена корист, потребни се клинички испитувања за да се покаже најпрвин дека е поефикасно од плацебо и второ , дека микробите се живи и дека можат да ја преживеат стомачната киселина.(ова го има прувенот)

Препонска кила, ингвинална хернија или брух

Препонска кила, ингвинална хернија или брух се јавува кога мекото ткиво, кое е дел од мембраната на делот од цревата, попушта низ слабите точки на абдоминалните мускули. Како резултат на тоа, местото може да биде болно, особено кога кашлате, кревате или носите тешки предмети.
Ингвиналната хернија не мора да биде опасна само по себе, но секако доколку не се третира правилно може да доведе до опасни по живот компликации. Поради оваа причина, вашиот лекар најверојатно ќе препорача операција, бидејќи ингвиналната хернија станува болна и расте. Операција на кила е обично дефинитивно решение.

Препонска кила кај жените ретко се јавува, а се јавува обично кај жени како резултат на ослабени стомачните мускули. Дополнителен напор и јак притисок на стомакот може да го зголеми ризикот од развој на килата кај жените. На пример, кај постарите жени кои имаат слаб мускулен тонус ризикот од настанување на ингвинална кила е поголем кога креваат потешки работи.

Прекумерната тежина и бременоста се водечка причина за ингивнална кила кај жените. Симптомите кај жените обично се отсутни, а оток е помал отколку кај мажите.

Препонска кила кај мажите се јавува многу почесто, а делумно и поради анатомска градба на телото кај мажот, како и спортските активности за време на слободното време Кила кај мажите може да биде присутна веднаш по раѓањето или може да се појави подоцна во животот. Ингвинална кила најчесто се среќава кај мажи кои се изложени на поголем физички напор.

Препонска кила кај децата  се јавува уште со раѓањето и е знак дека постои слабост на стомачни мускули. Кила кај децата станува видлива кога детето кашла или се напрега. Ризик фактор за настанување на ингвинална кила е доколку децата се родени превремено, додека тестисите допрва треба да се спуштат од стомакот во скротумот. Доколку така нешто приметите кај вашето дете, треба веднаш да се консултирате со лекар.
Причини за настанок на ингвинална кила:
• Зголемен притисок во стомакот,
• слаби точки во абдоминалниот ѕид,
• комбинација на зголемен притисок во абдоменот и постоечки слаб абдоминален ѕид,
• напрегање при движење на цревата и мокрење,
• дигање на тешки предмети,
• абдоминална течност,
• бременост,
• прекумерна тежина,
• хронична кашлица или кивавица.

Кај многу луѓе, слабоста на абдоминалниот ѕид, што доведува до перфорација, се јавува при раѓање. Друга ингвинална хернија се развива подоцна во животот, кога мускулите се ослабени од фактори како што се стареење, тешка физичка активност или кашлање, кое го придружува пушењето.

Мажите имаат поголема веројатност да имаат вродена слабост на ингвиналниот канал поради начинот на кој тие се развиваат пред нивното раѓање. Кај машките бебиња, тестисите се формираат во стомакот, а потоа се преместуваат голем број на ингвинални канали во скротумот. Понекогаш канал не се затворa правилно оставајќи таква слаба област.

Кај женските бебиња, шансите се помали дека ингвиналниот канал нема да се затвори по раѓањето.
Ослабување на  абдоминалниот ѕид, исто така, може да се појави подоцна во животот, особено по повреда или хируршка интервенција во абдоминалната празнина. Без оглед на тоа дали постои слабост на абдоминалниот ѕид, дополнителниот притисок врз абдоменот поради, кревање тежина, бременост или прекумерна телесна тежина може да предизвика ингвинална кила.

Симптоми на препонска кила

Некои ингвинални хернии, не предизвикуваат никакви симптоми. Некои луѓе дури и не знаат дека имаат проблем додека лекарот не го открие тоа за време на рутински преглед. Сепак, често може да се види и да се почувствува оток, односно создавање на кила.
Таа е обично повидлива кога стоите исправено, особено кога кашлате или се истегнувате. Знаци и симптоми на ингвинална хернија вклучуваат:
• оток во областа на двете страни на срамната коска,
• болка или непријатност во областа на препоните, особено доколку го спуштате или дигате товарот,
• слабост и притисок во препонитеболка и оток околу тестисите,
• појава на кила на двете страни на срамната коска,
• проблеми со мокрењето и стомакот.
• гадење и повраќање,

Лапороскопија

Операција на ингвинална кила е операција која најчесто се изведува во хирургија.

Во оваа минимална инвазивна постапка, хирургот работи низ мали резови во абдомен. Мала цевка која има камера се става во еден дел на резот на абдоменот. Другиот дел од резот хирургот го користи за поправање на хернија со помош на синтетска мрежичка. Операцијата се изведува со општа анестезија.

Доколку имате проблеми со општа анестезија или сте имале операција на простата оваа постапка за лекување на ингвинална кила не може да се користи. Кај било кој оперативен пристап пациентот треба да избегнува физичко напрегање додека ткивото потполно не се излекува. По 1 месец , а најдобро е неколку месеци, можете да се вратите на секојдневни физички активности. Сепак, и по решавањето на овој проблем, треба да ги избегнувате силни и пре напорни физички ативности.

Ендо-реставративна стоматологија

Ендо-реставративна стоматологија или ендо-реставратива во себе опфаќа два елементи, односно, две проблематики

Ендодонцијата претставува стоматолошка наука која го опфаќа лекувањето на болестите кои настануваат во забното ткиво т.е. забот.Забите се составени од два дела: коронка (делот од забот видлив во усната празнина) и корен (делот кој се наоѓа во коската и видлив само на рентген снимки).Во внатрешноста на забот се наоѓа пулпата или позната меѓу сите како живец.Ендодонт е стоматолог кој специјализира во лекување на инфекциите на пулпата (пулпити) и коскените промени околу врвот на коренот (процеси).

Еден ендодонтски третман се состои од пронаоѓање, проширување, дезинфекција и полнење на коренските канали кои можат да бидат со најразлична форма и ширина.Ако некогаш биле потребни повеќе посети да се изврши овој комплексен третман на лекување, сега со користење на современа апаратура како ендомотор, машински проширувачи, ултразвучни апарати итн. сето тоа се завршува во една или две посети зависно од степенот на инфекцијата.Во денешно време постојат многу фирми кои произведуваат машински проширувачи како што се, MANI SILK, изработени од топлотно обработуван никел титаниум кој е доволно цврст и свитлив да може да се користи во обработка на сите видови коренски канали.

Многу често пациентите се одлучуваат за вадење на забите кои подлегнале на ваков тип на инфекција, поради немање време за спроведување на долг третман, лоша препорака или страв дека ендодонтски лекуваните заби може да го нарушат нивното општо здравје.Постојат многу клинички студии кои го докажуваат спротивното, односно дека, инфекцијата и болката исчезнува после коректно изведена ендодонтска терапија.Со правилно поставена дијагноза и извршување на квалитетен ендодонтски третман секоја инфекција која потекнува од забот ќе биде санирана.

Ендодонтскиот третман секогаш е приоритет во стоматологијата наспроти екстракцијата (вадење) на забот која доведува до нарушување на целокупната функционалност на забалото која во тој случај мора да биде санирана протетски (со изработка на мост вклучувајки ги соседните заби) или со поставување на имплант.Покрај сите достигнувања во орално-протетскиот сегмент од стоматологијата зачувувањето на природниот заб секогаш претставува најдобриот избор.

После завршување на ендодонтската терапија следува запечатување на влезовите на коренските канали и пополнување на делот од коронката кој беше отстранет при чистењето на кариесот.

Реставрација или реставративна стоматологија, се занимава со надополнување на изгубениот дел од забот (пломбирање на забот). Благодарение на современите материјали денес може да постигнеме висока естетика како и одлична функционалност која наликува на природниот заб. Тоа се должи на последната генерација на нано-композитни материјали и адхезивни системи кои се одговорни за квалитетот и истрајноста на овие изработки.Тие исто така нудат можност за замена на поголем губиток на забна субстанца без нарушување на природниот изглед на забот.

Ендодореставративниот третман претставува бенефит за пациентот како од физиолошки така и од економски аспект што всушност е нашата цел.

Репаративна и регенеративна стоматологија

Динамичниот живот, стресот, промените на  навиките во исхраната влијаат на нашето здравје. Прематурниот губиток на заби и парадонтопатијата, сеуште се најголемите предизвициво стоматологијата. Благодарение на технолошкиот напредок, унапредување на биоградивните материјали и усовршвањето на хирушките техники со минимално инвазивен пристап во огромен процент на сработени случаи успешно се рехабилитира недостатокот кај пациентите. Дополнителен притисок се строгите естетски критериуми наметнати во јавноста, барањата и очекувањата на пациентот понекогаш не соодвестуваат со реалниот проблем, затоа покрај добро пренесената информација многу поважна е и навремената интервенција за да се преброди еден проблем. Една добра конципирана стоматолошка пракса се артикулира преку терминот забна нега или dental care. Следствено по мене една правилно поставена хирушки ориентирана стоматолошка пракса треба да се артикулира преку терминот нега за ткивата или  tissue care. Водејки подеднакво грижа за цврстите и меките ткива hard and soft tissue. Секое време си има свои златни стандарди. Во репаративната хирургија денес апсолутен хит во светот е β-tcp коската или популарно керамичка коска представена кај нас преку производот Cerasorb-M. Tоа е носач на коскено ткиво кое по хемики состав е идентичен со природната коска. Кога ке се вгради во коскениот дефект ја има истата биодинамика со природната коска што во клиничка слика постоперативно се одликува со зараснување скоро без оток и болка.Изостанува токсична реакција црвенило, толина и притисок врз ткивата кои барат силна и долготрајна антибиотска терапија, што е карактеристика на коската од животинско потекло. Благодарение на овие својства и караткеристики на остеокондуктивност, ресорптивност, порозност за многу пократок период добиваме комплетна регенерација на коска и замена на коскениот носач со регенерирана коска. Колагената коска FOAM која претставува колаген коскен блок едно од најпријатните изненадувања за мене.Неизмивањето на коска од дефектот каде што се аугментира и обезбедувањето  на волумен се двете најавжни карактеристики на FOAM.Сунѓер коската или FOAM е лесно адптирана и употреблива во хирушки и пародонтолошки интервенции на минимално инвазивен начин.  Промената на парадигми –до пред појавата на FOAM коската апсолутна парадигма беше дека е невозможно да се аугуметира коска во ситуација на перфорирана шнајдерова (синус) мембрана. Со FOAM – от директно се затвара дефектот во исто време штитејки ја внатрешноста на синусот од надворешна контамитација и истовремено поправајки го коскениот дефект под него. ИМПРЕСИВНО!!  Покрај колаген коската представена во сунѓер форма генијална е појавата на Cerasorb– паста коската.Овој носач на коскено ткиво е во комбинација на β-tcp коска и хијалурон. Пастата носач на коскено ткиво е со високи и антиинфламаторни својства, се употребува на минимално инвазивен начин за репарирање во инфламирана средина. Од лично искуство затворен синус лифт со паста представува генијална минимум инвазивна интервенција со која за дваестина минути се подигнува сунусната слузница  и се поставува имплант и секако постоперативно е без оток и болка. CURASAN  регенеративната програма со овие производи има обезбедено носач на коскено ткиво за сите индикации, направени на минимално инвазивен начин.

Сега веќе кога сме ги поправиле дефектите и сме ја регенерирале коската на овој стабилен темел треба да поставиме импланти кои ке бидат долгогдишен носач на фиксни и мобини протетски реставрации. Има многу имплантолошки системи со креативни концепт решенија и кое и да го одберете нема да згрешите доколку се испочитуваат биолошките принципи и се спроведе протоколот на производителот. Еден добар имплантолошки систем треба да биде со повеќе форми и големини на импланти, со повеќе решенија за протетска изработка, постојано да ги обновува новитетите во имплантологијата и да има софтвер  или своја програма за 3D навигирано имплантирање. Јас мојата доверба од 2005 година ја дадов на  IMPLA  системот на SHUTZ DENTAL GROUP. Овој систем е лесен и едноставен за работа, а тоа го прави генијален. Низ годините оваа програма овозможува  и усовршување на импланолошки техники во светски центри. Еден од нив  е реномираниот институт за анатомија – CHARLITE  во Берлин кад што може да се практикуват техники и решенија на конкретни ситуации.Поважно од се во имплатологијата е покрај поставеноста на докторот да се инфрмира и правилно постави пациентот. Поради штетните навики цигарите, алкохол, нехигиената,  пациентот ги изгубил забите, тој доага кај стоматологот спремен да плати голема сума на пари да го поправи недостатокот на заби но воопшто не е спремен да ги елиминира навиките кои довеле до губиток на заби, така проблем може да се појави. Губитокот на импланти кај непушач е помал од 2% ,кај пушач шансата да се компромитира остеоинергирањето е поголема, до 30% одговорноста е двонасочна.  Грижата за меките ткива или пародонолошката хирургија е како атлетика во спортот, кралицата на спортовите, така оваа софитицирана хирушка нега представува група во естетската рехабилитација над сите коскени дефекти и имплантолошки решенија. Благодарение  на довербата  во мене на мојот ментор Проф.Д-р Маја Пандилова успеавме и сеуште се трудиме да се справиме со повеќе мекоткивни и комбинирано гингивално-коскени проблеми употребувајки ја новата CURASAN регенеративна програма во комбинација на PRP и PRF (збогатена плазма и фибрин) замени од крвта на пациентот.

Сеопфаниот пристап,добра информираност на пациентот,навремената интервенција,технологијата како сојузник и минимално инвазивната поставеност се одличен SET UP за секој проблем да најдеме решение.