Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Трајкова Леонора

Медицинска Сестра

Трајкова Леонора е медицинска сестра во „ПЗУ Поликлиника Зегин Медика“. Во средниот медицински кадар на поликлиниката е од 2014 година. Низ дотогашното работно искуство, има работено низ повеќе здравствени установи, што е темел на нејзината долга медицинска кариера.

Од 1986 до 1997 има работено на клиниката за кардиологија во Скопје. Веднаш потоа, од 1997 до 2012 продолжува во Специјалистичка ординација по интерна медицина. Од 2012 до 2013 година има работено поликлиниката „Промедика“ во Скопје. Повторно од 2013 до 2014 година работи во Специјалистичка ординација по интерна медицина.

Трајкова своето средно стручно образование го има завршено 1984 година со струка медицинска сестра.