Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Д-р Вељо Калајџиски

Д-р Специјалист по Медицина на труд

Биографија

Прим.Д-р. Вељо Калајџиски, завршува Медицински факултет во Скопје, специјализирал Медицина на Труд на Иститутот по Медицина на труд на Медицинскиот факултет во Скопје.

Работел како началник на одделението по Медицина на труд во Веле околу 20 години и престедател на прва и втора степена комисија за боледување, повеќе од 10 години во Полоклиника Железара како специјалист по медицина на трудот. Потоа кариерата ја продолжува во приватниот сектор во Македонија.

Со назив Примариус се здобива во 1999 година.

Редовно учествува на конгресии симпозиуми и усовршување, особено во делот за токсикологија на тешки метали и нивното влијание врз здравјето на населениетосо повеќе од 40 печатени трудови како автор и 30 како коавтор во повеќе научни списанија и медицнски прегледи.

Учесник на два проекти по токсикологија со Институтот за Медицинаска биохемија и клиниката за Нефрологија од Медицинскиот факултет Скопје од 1990-1992 година и 1994-1996 година.

Во амбулантската работа особено се фокусира на едукација на населението, превенција на болестите .

Посеби сфери на интерес

  • Вршење на превентивни здраствени прегледи на вработени и оценка на работната способност
  • Учество во проценка на ризици, безбедноста и здравјето на работното место и на работната средина и учество во изготвување на Изјавата за безбедност и здравје при работа
  • Вршење на прегледи за издавање на лекарски уверенија за вработување, лекарски уверенија за работа во странство, уверенија за посвојување на деца
  • Утврдување и проучување на причините за инвалидност и професионални болести, болести во врска со работата и повреди на работно место