Лекар на Вашето семејство

Бул. Партизански Одреди 25-1/1

+38923125299

Трифуновска Александра

Медицински Лаборант во Биохемиска Лабораторија

Трифуновска Александра е медицински лаборант во биохемиската лабораторија на „ПЗУ Поликлиника Зегин Медика“. Во стручниот кадар на поликлиниката е од 2015 година. Низ дотогашното работно искуство, од 2009 до 2010 година е дел од приватната лабораторија „Вита Медика Д-р Павка“ во Куманово. Од 2010 до 2013 година работи во приватна лабораторија „Д-р Теута“ во Куманово. од 2012 до 2013 година се ангажира како психолог – волонтер во детската градинка „Ангел Шајче“ во Куманово.

Своето образование го има завршено како медицински лабораториски техничар во средното медицинско училиште, 2004 година во Скопје. Потоа, високото образование во 2009 година, го има завршено како дипломиран психолог на Филозофски Факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

Трифуновска, своето образование го има одбележано со значајни серификати. Во 2006 година во Скопје има добиено сертификат од работилницата “Алтернативи на насилство”. Наредната година исто така во Скопје има добиено сертификат од работилницата „Мирно разрешување на конфликти“.